Përshkrimi
ISO/IEC 27001, ISO/IEC 27701 и сродни ИТ стандарди | Скопје | Полно работно време
Интерцерт е независно сертификациско тело кое им помага на организациите да ја зголемат својата конкурентност преку сертификација според ISO стандарди. Го развиваме и прошируваме портфолиото на ИТ сертификации – информациска безбедност (ISO/IEC 27001), приватност на информации (ISO/IEC 27701), континуитет на работењето и управување со ИТ услуги, PCI DSS, SOC2 – и бараме колега кој ќе биде носител на тие шеми.
ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА
Ќе бидете задолжен/а за ИТ шемите за сертификација во Интерцерт: од методологијата и документацијата, преку компетентноста на аудиторите, до учество во акредитациските процеси. Паралелно ќе спроведувате проверки кај клиенти, така што шемите ги градите врз реално искуство од терен.
ОДГОВОРНОСТИ
Менаџер на шеми
· Развој и одржување на шемите за сертификација според ISO/IEC 27001 и ISO/IEC 27701 (процедури, чеклисти, обрасци, пресметка на време за проверка)
· Следење на промените во стандардите и барањата за сертификациски тела (ISO/IEC 17021-1, ISO/IEC 27006) и усогласување на системот
· Техничка поддршка на аудитори и преглед на извештаите од проверки пред одлука за сертификација
· Оценување на компетентноста, квалификација и обука на нови аудитори (внатрешни и надворешни)
· Учество во интерни проверки и во комуникацијата со акредитациски тела
Аудитор
· Планирање и спроведување на иницијални, надзорни и ресертификациски проверки кај клиенти
· Проценка на ИТ контроли, управување со ризик и обработка на лични податоци
· Извештаи со јасни наоди: неусогласености, можности за подобрување, добри практики
· Професионална комуникација со клиенти, непристрасност и доверливост
ШТО БАРАМЕ
· Образование: високо образование од областа на информатика, компјутерски науки, информациски системи, електротехника или слично
· Искуство: минимум 3 години во информациска безбедност, ИТ управување, ризик или заштита на лични податоци (внатрешно ИТ/безбедносно искуство, консултантско или аудиторско)
· Стандарди: генерално познавање на ISO/IEC 27001, ISO/IEC 20000-1, ISO 22301, PCI DSS, NIS2, SOC2 или ISO/IEC 27701
· Сертификат: ISO Lead Auditor – или подготвеност да се стекне во рок од 6 -12 месеци од вработувањето
· ИТ технологии: практично познавање на ИТ инфраструктура и мрежи, облак (Microsoft 365, Azure, AWS), управување со пристап и идентитети, логирање и мониторинг, бекап и обновување, управување со ранливости, безбеден развој на софтвер
· Јазици: англиски јазик – напредно ниво (работа со меѓународни стандарди и клиенти)
· Вештини: аналитичко мислење, организираност, внимание на детали, јасно пишување на извештаи, професионален пристап
· MS Office – напредно ниво; возачка дозвола Б категорија
Предност
· ISO Lead Auditor/Lead Implementer; CISA, CISM, CISSP, CIPP/E, CIPM или слично
· Искуство како аудитор или консултант за системи за управување
· Познавање на ISO 27001, ISO/IEC 20000-1, ISO 22301, ISO/IEC 42001, NIS2 или SOC2
· Искуство во работа со финансиски институции
ШТО НУДИМЕ
· Клучна улога во акредитирано сертификациско тело со меѓународен опсег
· Развој на шеми од почеток, со директен придонес во насоката на компанијата
· Стекнување статус на водечки проверувач (Lead Auditor) и континуирана обука
· Работа со клиенти од различни индустрии, локално и интернационално
· Конкурентна плата и напредување според резултатите
АПЛИЦИРАЊЕ
- Испратете CV и кратко мотивациско писмо на: info@inter-cert.net
Повеќе информации за фирмата на Intercert - System Certification
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 04/11/2026 · Skadon 03/01/2027