Posto punë

Ballina / Punët / Маркетинг Менаџер Практикант

Маркетинг Менаџер Практикант

Social Circle

Punë Punë në distancë Maqedonia e Veriut Marketing, reklamë dhe PR

Përshkrimi

​Придружи се на Social Circle и научи како се водат успешни маркетинг кампањи за домашни и меѓународни клиенти!

​Во врска со позицијата:

​Бараме проактивен, организиран и амбициозен Account Manager практикант кој ќе стане клучна алка во менаџирањето на секојдневните активности за нашите клиенти. Позицијата е со флексибилно работно време (дополнително договорено), со можност за работа од дома (remote), но со еден клучен услов: да бидеш од Струмица.

​Ова е совршена шанса за студенти или креативни луѓе кои сакаат да влезат во светот на дигиталниот маркетинг и да учат директно преку реални проекти.

​ Што ќе бидат твоите главни обврски?

  • ​Менаџирање и објавување содржини: Подготовка на планови и објавување содржини на социјалните мрежи (Instagram, Facebook, TikTok, Pinterest, LinkedIn) за нашите клиенти.
  • ​Facebook & Instagram Ads: Креирање, буџетирање, оптимизација и следење на рекламни кампањи во Ads Manager.
  • ​Комуникација и грижа за корисници: Одговарање на пораки и коментари на профилите на клиентите на професионален и пријателски начин.
  • ​Анализа и извештаи: Следење на резултатите од рекламите и подготвување едноставни извештаи за успешноста на кампањите.
  • ​Координација: Соработка со нашиот тим за подготовка на визуели кои совршено одговараат на маркетинг стратегијата.

​ Што бараме од идеалниот кандидат?

  • ​Локација: Да живееш во Струмица (задолжително).
  • ​Љубопитност за Ads Manager: Основно познавање (или огромна желба брзо да научиш) како функционира таргетирањето и буџетирањето на Meta Ads.
  • ​Организираност: Структна личност која не заборава кога треба да се објави пост и која има силно чувство за одговорност и внимание на детали.
  • ​Одлична писменост: Безпрекорно пишување на македонски јазик и солидно познавање на англиски јазик.
  • ​Комуникациски вештини: Желба за секојдневна комуникација и градење добри односи во тимот и со клиентите.

​Што нудиме?

  • ​Договор за платена практична работа со реална можност за вработување во агенцијата.
  • ​Флексибилно работно време прилагодено на твоите обврски (факултет и сл.).
  • ​Менторство и учење на практични вештини кои веднаш се применуваат во индустријата.​
  • Креативна и пријателска атмосфера без микроменаџмент.

​Како да аплицираш? ​Ако си од Струмица и сакаш да научиш како се водат социјални мрежи за вистински бизниси, испрати ни го твоето CV на support@socialcircleagency.com.

Предизвик: Направи screenshot од една реклама што ти се појавила деновиве на Instagram/TikTok и ти го привлекла вниманието (позитивно или негативно). Прикачи ја во мејлот и напиши ни со една-две реченици: зошто токму таа реклама те натера да застанеш додека скролаше?

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F%D0%B5%D1%80-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%82-at-social-circle-4438725407

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 16/07/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme