Posto punë

Ballina / Punët / Координатор на Академија за обуки, развој и onboarding процес

Координатор на Академија за обуки, развој и onboarding процес

Жито Маркети

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Shitje me pakicë dhe shpërndarje

Përshkrimi

Ако знаете како да го претворите знаењето во практични вештини и уживате во развојот на луѓето, сакаме да ве запознаеме.

Во Жито Маркети ќе ја координирате работата на обучувачите во Мобилната Академија и ќе придонесувате за обуки што им помагаат на колегите во секојдневната работа.

На што ќе работите

· Координација на тимот обучувачи, учество во нивниот избор, менторирање и проценка на нивната работа.

· Препознавање на потребите за обука и планирање активности на терен, во соработка со човечки ресурси, комерција, продажба и раководителите на маркети.

· Организирање на воведувањето и почетната обука на новите колеги.

· Подобрување на програмите и интерните стандарди за обука, со доследен пристап и квалитет.

· Следење на резултатите од обуките, водење евиденција и подготовка на извештаи и препораки за подобрување.

· Учество во планирањето, распределбата и следењето на буџетите за обука.

Што ни е важно

· Завршено средно образование.

· Најмалку 2 години работно искуство.

· Развиени презентациски и тренерски вештини, како и способност за менторирање и мотивирање на вработените.

Ни значат добрата организација, јасната комуникација и способноста да ги усогласувате задачите и приоритетите во динамична работна средина.

Дополнителна предност се обуки или сертификати од областа на обуките и развојот, познавање англиски јазик и возачка дозвола од Б-категорија.

Вашиот придонес

Ќе имате активна улога во развојот на обучувачите, квалитетот на обуките и успешниот почеток на новите колеги во Жито Маркети.

Испратете CV на vrabotuvanje@zito.com.mk , со назнака „Координатор на Академија“.

#Вработување #ОбукиИРазвој #ЖитоМаркети #LearningAndDevelopment

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4487141520/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 09/11/2026 · Skadon 08/01/2027

Punë të ngjashme