Përshkrimi
За потребите на одделот Високoнапонски постројки, Група Проект менаџмент, бараме:
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ (М/Ж)
Работни задачи:
- Реализација на инвестициски проекти и проекти за одржување - управување со изградба на 110 kV и 35 kV водови и 110 /xx kV и 35/xx kV трафостаници - проектен менаџмент
- Реализирање на проекти по барање на потрошувачи (опремување на ќелии во трафостаници на ЕВН, опремување на блок ќелии во трафостаница на потрошувач, дислокација и/или каблирање на 35 kV мрежа),
- Подготовка на концепти, технички и тендерски спецификации, учество на тендери, рамковни договори
- Координирање на тимот за примарна техника, како и тимот за релејна заштита во насока на реализација на проектите
Потребни компетенции
- Електро-технички факултет - Енергетика
- Познавање и користење на MS Office
- Соодветно претходно работно искуство 3 години
- Одлично познавање англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија
- Одговорност, флексибилност и тимска работа
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 08/07/2026 · Skadon 19/01/2027