Posto punë

Ballina / Punët / Деловен партнер за човечки ресурси (HR Business Partner)

Деловен партнер за човечки ресурси (HR Business Partner)

Kola

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Transport, logjistikë

Përshkrimi

Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата. Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го нашиот оглас за следното слободно работно местo:

Деловен партнер за човечки ресурси

(HR Business Partner)

За оваа позиција бараме:

  • ВСС (општествени науки, психологија, менаџмент, бизнис администрација);
  • минимум 4 (четири) години во струката, искуство во сите фази на циклусот на човечки ресурси
  • Напредно познавање на Microsoft Excel
  • Познавање на Англиски јазик

Краток опис на работните обврски :

  • Учестува во развојот на стратешкиот план на човечки ресурси, целите и програмите;
  • Одговорен е за воспоставување и одржување на организациски дизајн и структура, анализа и евалуација на работни места, како и планирање и следење на бројот на вработени;
  • Учествува во развој на системи за управување со учинок, модели на наградување;
  • Учествува во ревизијата на системот на плати и надоместоци и предложува систем за покачување на истите (рангови на плати).
  • Врши и други работи од делокругот на работа по налог на раководителот;

Вештини што ќе ти помогнат во оваа улога:

  • Добра организација
  • Комуникациски вештини
  • Одговорност и посветеност
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Аналитичност во работењето и ориентираност кон цели

Што нудиме:

  • Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок работното време започнува од 07.30 часот до 08:30 часот (флексибилно работно време), а завршува од 15:30 часот до 16.30 часот
  • 1 (еден) извршител на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Колективно осигурување
  • Континуирана едукација и можности за развој

Придружете ни се!

Вашата кратка биографија испратете ја преку полето ПРИЈАВИ СЕ или доставете ја на Ул.Качанички пат бр.254 во рок од 7 работни дена од 26.10.2026 година до 03.11.2026 година.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4481446845/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 26/10/2026 · Skadon 25/12/2026

Punë të ngjashme