Posto punë

Ballina / Punët / B2B Специјалист за дигитално искуство

B2B Специјалист за дигитално искуство

Makedonski Telekom AD

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Во моментов бараме B2B Специјалист за дигитално искуство кој ќе биде одговорен за дефинирање и унапредување на дигиталните функционалности наменети за деловни корисници. Оваа позиција вклучува подготовка на функционални барања и критериуми за прифаќање, како и тесна соработка со Digital Product Owner-ите и останатите засегнати страни. Улогата опфаќа и грижа за континуирано подобрување на корисничките патеки, анализа на перформансите и обезбедување квалитетно и непречено дигитално искуство.

Работни задачи:

  • Подготовка на дигитални функционални барања за деловни корисници со јасно дефинирани критериуми за прифаќање.
  • Тесна соработка со Digital Product Owner-ите и останатите тимови со цел целосно разбирање на продуктот пред и за време на имплементацијата.
  • Навремено и транспарентно информирање за евентуални отстапувања во развојот (временски или функционални), со проактивни предлози за нивно надминување.
  • Тестирање и валидација на нови дигитални решенија пред нивно лансирање, како и анализа и евиденција на забележани грешки.
  • Грижа за стабилно и непречено функционирање на постојните дигитални кориснички патеки.
  • Спроведување редовни проверки и тестирања со цел обезбедување квалитет и континуирано подобрување.
  • Имплементација и ажурирање на содржини во CMS систем.

Потребни квалификации:

  • Диплома од факултет од областа на електротехника, ФИНКИ, економија или сродни области.
  • Длабоко разбирање на потребите и навиките на деловните корисници со цел обезбедување врвно корисничко искуство.
  • Предност е релевантно работно искуство во технички и дигитални проекти, како и работа според agile методологија.
  • Предност е познавање и искуство во маркетинг, особено во доменот на дигитално корисничко искуство.
  • Предност е познавање на CMS системи.
  • Добро познавање на Microsoft 365 алатки.
  • Напредно познавање на англиски јазик.

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Амбициозност и желба за постојано учење
  • Иновативност и способност за воочување на нови можности
  • Подготвеност за учење на нови технологии
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Вљубеник во технологијата

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Огласот ќе биде отворен од 02.03.2026 до 08.03.2026.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/b2b-%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE-%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-at-makedonski-telekom-ad-4377745893

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 02/03/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme