Posto punë

Ballina / Punët / Асистент на сектор маркетинг и координатор на маркетинг активности

Асистент на сектор маркетинг и координатор на маркетинг активности

Жито Маркети

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Shitje me pakicë dhe shpërndarje

Përshkrimi

Ако уживате во организирањето и ве мотивира кога една идеја ќе стане успешно завршен проект, сакаме да ве запознаеме.

Бараме личност што ќе помогне активностите на секторот да се одвиваат организирано и навреме. Ќе бидете во тек со кампањите, ќе ги поврзувате колегите и соработниците и ќе се грижите договорените задачи да добијат своја реализација.

Вашето секојдневие ќе вклучува:

  • Организирање на календарот, состаноците и дневните обврски на секторот.
  • Следење на задачите и роковите во секторот, според договорените приоритети.
  • Координација со маркетинг тимот, другите сектори, агенциите и надворешните соработници.
  • Подготовка на агенди, кратки записници и прегледи за напредокот на активностите.
  • Поддршка при реализација на кампањи, настани и маркетинг проекти.
  • Навремено препознавање на застои и следење на договорените чекори за нивно решавање.

Ќе се вклопите во оваа улога ако:

  • Сакате јасни планови и добро се снаоѓате кога приоритетите се менуваат.
  • Комуницирате јасно и лесно соработувате со различни луѓе.
  • Преземате иницијатива и внимавате на деталите.
  • Добро работите со MS Office и АИ алатки
  • Постапувате одговорно и дискретно со доверливи информации.

Искуство во организација, администрација или маркетинг е предност, како и образование од областа на маркетингот и познавање дигитални алатки.

Што ве очекува?

Работа одблиску и вклученост во разновидни проекти, од првичната идеја до реализацијата. Нудиме конкурентни услови, можност за учење и професионален развој.

Локација: Велес

Испратете CV на vrabotuvanje@zito.com.mk , со назнака „ Асистент на сектор маркетинг и координатор на маркетинг активности“ .

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4491293552/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 16/11/2026 · Skadon 15/01/2027

Punë të ngjashme