Duke ngarkuar...

Mechanical Engineer

Apave International

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**АПАВЕ СЕЕ е**
компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Јужна Америка, Северна Америка, Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

**АПАВЕ СЕЕ има потреба од Инженери**
со следните квалификации:

● Завршено високо техничко образование или во фаза на завршување на студиите– Машински Факултет, Технолошко-металуршки факултет или други технички факултети

● Со или без работно искуство

● Одлично познавање на англиски јазик

● Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија на подолг временски период во Западна Африка, Југоисточна Азија Јужна Америка и Европа

● Физичка и психичка подготвеност за работа на висина (опционално)

● Познавање на алатките на Microsoft Office

● Способност за читање на техничка документација и стандарди

● Способност за самостојна работа и работа во тим

● Одговорност и посветеност на работата

● Самоиницијативност и подготвеност за учење

**Одговорности на работната позиција:**

● Извршување на инспекции, калибрирање на инспекциска опрема, оценување и подготовка на извештаи користејќи ги конвенционалните и напредните ИБР (NDT) методи за испитување без разорување на материјали, заварени споеви, фабрикувани делови и компоненти со цел пронаоѓање на површински и внатрешни недостатоци (дефекти) на различни локации како платформи, FPSO-а, рафинерии за нафта и гас, електрични централи, фабрики, и други индустриски постројки.

● Извршување на инспекциски активности во доменот на опрема под притисок и челични конструкции преку методи за испитување без разорување ИБР (НДТ) методи, како PT, VT, RT, UT, MT, ET и напредни техники како TOFD, Phased array, LRUT итн.

● Инспекција на опрема за подигнување на товар како и нејзина сертификација

● Вршење на инспекции со метод на работа на висина (Rope Access)

● Различни инспекции од областа на методи за испитување без разорување ИБР

 Што нудиме:

- Работа во голема интернационална компанија

- Можност за развој и градење на професионална кариера

- Конкурентна плата

- Приватно здравствено осигурување

- Работа во динамична атмосфера

- Професионални обуки со интернационално признаени сертификати: можност за PCN сертификација, IRATA, ISO 9712

- Дополнителни надоместоци при работа во странство

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitment.bue@apave.com