Duke ngarkuar...

Виш специјалист за даноци и сметководство

Makedonski Telekom AD

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Македонски Телеком го проширува својот тим во областа на финансии и даноци и во моментов бара Виш специјалист за даноци и сметководство кој ќе обезбеди правилно, точно и навремено пресметување и плаќање на сите даночни обврски на компанијата. Оваа улога има клучно значење во усогласување со регулативите, финансиското известување и стабилноста на компанијата.

**Работни задачи:**

- Обезбедува точна, целосна и навремена пресметка и плаќање на сите даночни обврски (ДДВ, данок на добивка, имот, задршка, персонален доход и др.).
- Ги следи и имплементира релевантните даночни регулативи и се грижи за нивна правилна примена во компанијата.
- Подготвува, потврдува и поднесува даночни пријави, извештаи и налози за плаќање.
- Kонтролира имплементацијата на сметководствената политика на МСФИ поврзана со даночни прашања во процесот на финансиско известување.
- Одговорен за даночно планирање на ниво на компанија
- Комуницира со Deutsche Telekom и локалните институции за даночни прашања.
- Го координира процесот на сметки за плаќање (АП) и обезбедува ефикасно и контролирано извршување на платниот промет.
- Соработува со внатрешните тимови и поддржува проекти и активности поврзани со даночната област.

**Потребни квалификации:**

- Економски факултет.
- Минимум 3 години релевантно работно искуство.
- Напредно познавање на соодветните закони и подзаконски акти поврзани со даноци и други закони и прописи. Познавање на меѓународни регулативи поврзани со даноци.
- Работно искуство во телекомуникацискиот сектор ќе се смета за предност.
- Познавање на Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS) и локалните GAAP стандарди
- Напредни компјутерски вештини (MS Office, PowerPoint), познавање на SAP.

**Што очекуваме:**

- Одлични организациски и комуникациски вештини
- Аналитички и вештини за решавање проблеми
- Одлични вештини за изработка на извештаи
- Ориентираност кон резултати
- Иновативност, способност за воочување нови можности и учење на нови технологии
- Тимски играч

**Што нудиме:**

- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК

**Работно време:**

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

**Огласот ќе биде отворен од 10.12.2025 до 17.12.2025.**

**Забелешка:**

*Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.*

*Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.*

*Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.*