Duke ngarkuar...

Лидер за продажба на напредни деловни решенија

Makedonski Telekom AD

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Во моментов бараме
**Лидер за продажба на напредни деловни решенија**
кој ќе го води нашиот тим и ќе има клучна улога во развојот, продажбата и имплементацијата на комплексни ИКТ решенија – Cloud, IoT платформи, безбедносни решенија и Smart City решенија за деловни корисници.

Позицијата е од стратешко значење и опфаќа управување со продажни и предпродажни активности, развој на партнерска ИКТ мрежа, водење на тим и постигнување на комерцијалните и финансиските цели на компанијата.

**Работни задачи:**

- Водење и одговорност за иницирање, реализација и активно учество во консултативна продажба на големи ИКТ проекти за деловни корисници
- Проактивно планирање и управување со корисници преку анализа на кориснички потреби, буџети и продажни стратегии
- Градење и одржување на силна ИКТ партнерска и добавувачка мрежа
- Избор, координација и управување со партнери и за успешна реализација на проекти
- Одговорност за остварување на приходи и профитабилност од ИКТ решенија, како и континуирано подобрување на продажниот процес
- Технолошко-консултативна улога во B2B сегментот при подготовка на технички понуди и презентации
- Дефинирање, следење и унапредување на SLA параметри за деловни решенија
- Организација, координација и континуирано подобрување на севкупните активности во организациската единица
- Управување со воспоставување и следење на клучни показатели за успешност (KPI) и обезбедување предуслови за нивна реализација
- Проактивно зајакнување на моќта на компанијата за иновации во областа на решенија и услуги за дигитализација
- Обезбедување ефикасна испорака на решенија и континуирано подобрување на задоволството на деловните корисници

**Потребни квалификации:**

- Високо образование од областа на технички науки, предност имаат кандидатите од електро-технички и компјутерско-информатички насоки
- Минимум 5 години искуство во продажба и/или водење на имплементација на напредни ИКТ решенија
- Напредни познавања на ИКТ технологии (Cloud, IoT, безбедност, IP технологија).
- Искуство со водење на тимови и лидерски способности
- Активно познавање на англиски јазик
- Напредно познавање на MS Office
- Напредни способности за креирање и управување со проекти, како и подготовка на деловна студија
- Возачка дозвола Б-категорија

**Што очекуваме:**

- Одлични организациски и комуникациски способности
- Подготвеност за учење на нови технологии
- Ориентираност кон резултати
- Способни за управување со проекти
- Аналитички вештини и способност за решавање на проблеми
- Вљубеник во технологијата

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот преку иновативни решенија. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

**Што нудиме:**

- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК

**Огласот ќе биде отворен од 02.01.2026 до 11.01.2026.**

**Забелешка:**

*Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.*

*Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.*

*Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.*