Freelance Recruiter / HR Project Associate (project based only)
people+
/job-details/9842
People+ е консултантска компанија за човечки ресурси која обезбедува услуги во областа на човечки ресурси, развој на вработени, истражување, HR консалтинг и аутсорсинг. Работиме со домашни и интернационални компании и креираме решенија приспособени на конкретните потреби на секој клиент.
Поради зголемен број проекти до крајот на годината (особено во текот на октомври и ноември месец), ја прошируваме нашата
**мрежа на надворешни соработници**
кои ќе се вклучат во реализација на
**различни HR и истражувачки проекти**
.
Проектните активности може да вклучуваат:
- Поддршка во процесите на регрутација и селекција;
- Спроведување телефонски скрининг;
- Административна и организациска поддршка;
- Прибирање, евидентирање и обработка на податоци;
- Поддршка при теренски и други проектни активности.
Бараме лица кои:
- **Се достапни за проектен ангажман во текот на октомври и/или ноември;**
- Се одговорни, организирани и комуникативни;
- Сакаат да учат и да стекнат практично искуство;
- Можат да следат јасно дефинирани процедури и рокови;
- Се подготвени за повремени патувања и работа на терен низ Македонија.
Претходно искуство во човечки ресурси, регрутација или администрација е предност, но
**не е задолжително.**
Од наша страна ќе бидат обезбедени потребните обуки, материјали и јасни насоки за работа на проектите.
**Важно: Ова не е оглас за редовно вработување.**
Станува збор за надворешна соработка и повремено вклучување во конкретни проекти, во зависност од проектните потреби и достапноста на соработникот. Поради природата и временската динамика на проектите, огласот е наменет за лица кои моментално не се во редовен работен однос и имаат
**флексибилност за проектен ангажман.**
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашата мрежа на надворешни соработници, пријавете се преку LinkedIn и испратете ни го вашето CV.