Duke ngarkuar...

Машински инженер - Проектен менаџер (со и без работно искуство)

ICS Group Macedonia

/job-details/9042

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 1 dite me pare
ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е водечка приватна компанија во областа на HVAC системите и овластен партнер на светски познатите брендови
**DAIKIN**
и
**CLIVET**
за Македонија. Повеќе од 16 години успешно нудиме комплетни решенија за проектирање, продажба, монтажа, сервис и одржување на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација, реализирајќи проекти за станбени, деловни и индустриски објекти.

Поради континуиран раст и проширување во делот на инженерингот, имаме потреба од професионална, организирана и технички компетентна личност за работната позицијa:

              

**Машински инженер - Проектен менаџер**

**(со и без работно искуство)**

Цел на работното место е: Планирање, организација и контрола на изведбата на HVAC проектите. Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот според финасиската спецификација.

Квалификации:

·        Завршено високо техничко образование -  Машински факултет

·        Обука за проектен менаџмент е предност

·        Пожелно е работно искуство  на иста или позиција со слични одговорности, но не е задолжително

Работни задачи и одговорности:

·        Разработка на проектите за термотехнички инсталации и опрема за климатизација

·        Изработка на план за реализација на проектот, со активности и рокови

·        Организација на реализацијата на проектите и координирање на активностите.

Вештини и способности:

·        Високо изразени организациски способности

·        Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација

·        Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки

·        Напредно ниво за работа со компјутер – AutoCAD, Microsoft Office.

Ние нудиме:

·        Конкурентни месечни примања

·        Работа со најквалитени брендови

·        Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност

·        Дополнително приватно здравствено осигурување

·        Пакет на бонусирање и наградување според учинок.

·        Работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот

**Работната позиција е во Скопје.**

Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса  
ivona@icsgroup.mk
  (со назнака за работно место
**Машински инженер**

-
**Проектен менаџер**

)