PART-TIME OFFICE MANAGER
ALTERNATIVA Group
/job-details/9761
**За компанијата**
Групација Алтернатива - Експертски центар за човечки системи, е интегриран екосистем кој ги обединува Институт Алтернатива, Психолошки Центар Алтернатива и НВО Алтернатива.
Работиме во областите на менталното здравје, психотерапијата, професионалната едукација, психосоцијалната поддршка и развојот на човечките системи, преку директна работа со индивидуи и семејства, едукација на професионалци, истражување, проекти и соработка со организации и институции.
Повеќе информации за Групација Алтернатива на www.AlternativaGroup.org
**Опис на позицијата**
Бараме Part-time Office Manager – организирана, одговорна и проактивна личност која ќе обезбедува административна и оперативна поддршка во секојдневното работење, пред сè на Институт Алтернатива и Психолошки Центар Алтернатива.
Позицијата подразбира физичко присуство во канцелариите на Алтернатива во Скопје и секојдневна комуникација и координација со клиенти, едуканти, соработници и членови на тимот.
**Главни одговорности**
- Администрација и документација – водење и организација на документација, евиденции, договори, деловодни книги, архивирање и други административни процеси.
- Комуникација и координација – комуникација со клиенти, едуканти и соработници преку телефон и е-пошта, координација на термини, распореди и состаноци.
- Поддршка на едуканти, клиенти и настани – административна и логистичка подготовка и поддршка на едукации, работилници, супервизии, состаноци и други активности.
- Основна финансиска евиденција – следење и евидентирање на уплати, дневен промет, фактури и побарувања и подготовка на потребната документација во координација со сметководството.
- Оперативно функционирање на канцеларијата – грижа за тековните канцелариски потреби, набавки, комуникација со надворешни добавувачи и сервиси и поддршка на тимот во секојдневното работење.
**Кого бараме?**
Идеалниот кандидат/ка има:
- од 3 до 5 години релевантно работно искуство во office management, администрација, координација или слична позиција;
- одлични организациски способности и внимание на детали;
- одговорност, самостојност и проактивност;
- добри комуникациски и интерперсонални вештини;
- способност за организирање и следење повеќе задачи и рокови истовремено;
- добро познавање на македонски и англиски јазик;
- добро познавање на MS Office, е-пошта, spreadsheets, online calendars и други основни дигитални алатки;
- доверливост, едичност и
професионален однос кон доверливи информации и лични податоци.
Претходно искуство во образовна, психолошка, здравствена или невладина организација ќе се смета за предност, но не е задолжително.
**Услови**
- Ангажман: Part-time, 20 часа неделно во работни часови, со распоред по договор
- Начин на работа: Физичко присуство во канцелариите на Алтернатива | Локација: Бул. Јане Сандански 65, Скопје
- Почеток: 1 октомври 2026
- Плата: По договор
- Рок за аплицирање: 25 септември 2026
**Аплицирање**
Заинтересираните кандидати треба да испратат CV и кратко мотивациско писмо на info@alternativagroup.org, со назнака: „Апликација – Office Manager“