Duke ngarkuar...

Lead Architect

Studio Atrium

/job-details/9609

Štip
full_time
Publikuar 1 dite me pare
**СТУДИО АТРИУМ ВРАБОТУВА LEAD ARCHITECT / ВОДЕЧКИ АРХИТЕКТ**

Бараме
**инженер архитект со искуство и важечко Овластување А за проектирање**
, кој ќе преземе водечка улога и одговорност за значаен број
**сериозни и комплексни инженеринг проекти**
за водечки домашни и меѓународни компании.

Ако сте архитект кој чувствува дека е подготвен за повеќе од само учество во проект — продолжете да читате.

Бараме човек кој:

- брзо го препознава проблемот и решението;
- знае да донесе одлука;
- умее да води и координира тим;
- поставува висок стандард на квалитет;
- презема одговорност за резултатот.

Како
**Lead Architect**
, ќе имате клучна улога во водењето и реализацијата на повеќе проекти, координацијата на проектантските тимови и комуникацијата со инвеститорите.

Ќе работите во средина каде што
**квалитетот, роковите и одговорноста се стандард**
.

Нудиме стабилна компанија со 25 години искуство, силен инженерски тим, сериозни професионални предизвици и конкурентни примања.

**Не бараме човек кој само сака ново работно место.**

Бараме архитект кој чувствува дека е време за

**поголема улога, поголеми проекти и поголемо влијание.**

Ако се препознавте —
**можеби треба да разговараме.**

📩Начин на аплицирањe

Испратете CV нa: studio@atrium.mk

📞 Контакт за повеќе информации: 032/383 033 или 071/367 870

🗓️Рок за аплицирање: 18.09.2026

**СТУДИО АТРИУМ**

*25 години градиме вредност.*