Duke ngarkuar...

Советник/чка - Психолог (локација Струмица)

СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia

/job-details/9059

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 48 dite me pare
СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.


За реализација на активностите од проектот „Право на семејство II“, го прошируваме тимот и отвораме нова позиција за 1 (едно) работно место:


**СОВЕТНИК/ЧКА - ПСИХОЛОГ**
📍
**Локација**
: Струмица


📌
**Проект:**
„Право на семејство II“


📅
**Рок на аплицирање**
: 20.09.2026 г.


Доколку сте психолог кој/а сака своето знаење и искуство да ги стави во служба на децата и семејствата и да придонесува кон нивната психолошка и емоционална благосостојба, ова може да биде вистинската позиција за вас.


Бараме мотивирана и посветена личност која ќе работи директно со деца и родители, обезбедувајќи психолошка поддршка, советување и психолошка процена и придонесувајќи кон подобро семејно функционирање.


**🎯КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:**

- Советување и поддршка – спроведување индивидуално и групно советување и обезбедување психолошка поддршка за родители и деца
- Психолошка проценка – следење и процена на психо-физичката состојба и потребите на корисниците
- Психолошки наоди и мислења – подготовка на психолошки наоди, мислења и друга релевантна документација
- Психо-социјална поддршка – обезбедување поддршка на децата и семејствата при кризни и стресни ситуации
- Групна работа – организација и спроведување групи за самопомош и заеднички активности за деца и родители
- Институционална соработка – соработка со Центрите за социјална работа, институции и граѓански организации

**🌟ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КОМПЕТЕНЦИИ:**

- Образование – високо образование од областа на психологијата
- Регулатива – познавање на законската регулатива од областа на социјалната заштита и семејството
- Искуство – искуство во креирање и спроведување обуки
- Стручност – напредни познавања од областа на детските права
- Јазик и компјутери – познавање на англиски јазик и работа со MS Office
- Мобилност – возачка дозвола и активно возачко искуство

**🧠 ЛИЧНИ ВЕШТИНИ:**

- Тимски дух и желба за соработка
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Проактивен пристап кон работата
- Емпатија и способност за градење доверба

**💼**
**ШТО НУДИМЕ:**

- Работа во меѓународна хуманитарна организација со јасна мисија и вредности
- Континуирани обуки и можности за професионален и личен развој
- Пријатна работна атмосфера и тимбилдинг активности
- 1 ден во неделата работа од дома
- Работа со чувство на исполнетост, затоа што секој ден придонесувате за позитивна промена во животот на децата и семејствата
- Проектна позиција со договор на определено време од 1 година, со можност за продолжување до завршување на проектот (април 2029 година)

📬
**КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ**
:


Испратете ја вашата професионална биографија најдоцна до 20.09.2026 година
**.**
**🔔**
Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!


💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙


**⚠️Напомена**
: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.


СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.