Duke ngarkuar...

Специјалист за Осигурување и набавки

Makstil / Макстил

/job-details/9002

Gazi Baba, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 1 dite me pare
Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за Набавки, отворенo е следново работно место:

Опис на работно место:

- Сеопфатно управување со сите аспекти на осигурувањето во компанијата, обезбедувајќи соодветна покриеност на имотот и деловните активности.
- Водење редовна комуникација со осигурителните компании за изработка на нови полиси, нивно обновување и следење на исполнувањето на сите договори за осигурување.
- Управување со оштетни побарувања, како и водење прецизна евиденција за имотни штети.
- Активно учество во изработката и реализацијата на планови, програми и извештаи за континуирано унапредување на осигурителните процеси во компанијата
- Идентификација и евалуација на добавувачи
- Подготовка на соодветни спецификации за набавка
- Прибирање и евалуација на понуди
- Креирање на Договори и договарање на услови за набавка
- Контрола на квалитетот и навременоста на испораките.
- Одржување на база на податоци за добавувачи и набавки.
- Комуникација со експерти и осигурителни институции
- Активно учество во унапредување на процесите

Работни услови:
Работа во една смена, од понеделник до петок.

Потребни квалификации
:

- Високо образование
- Задолжително минимум 2 години искуство во осигурителни компании во Р. Македонија (предност е искуството во делот на обработка на штети). Одлично познавање на осигурителни производи и процедури
- Познавање на MS Office
- Вештини за аналитичко размислување и решавање проблеми

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, аплицирајте на овој оглас или испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, со назнака за работното место за кое аплицирате.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.