Duke ngarkuar...

ТИМ ЛИДЕР ВО ПОВИКУВАЧКИ ЦЕНТАР – РЕГИОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ODM Collections

/job-details/8910

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 46 dite me pare
**ODM Collections d.o.o. Beograd - ODMC**
(odmc.rs) е брзорастечка Компанија во областа на управување и откуп на побарувања во регионот на Западен Балкан. Од 2013 година наваму има процесирано милиони предмети и работи со клиенти во шест јурисдикции, меѓу кои и на територијата на Република Северна Македонија во Компанијата ОДМ КОЛЛЕКТИОНС ДООЕЛ Скопје, како претставник на Групацијата на оваа територија (odmc.mk). Нашата работа ја темелиме на експертиза во финансии, право, заштита на лични податоци и грижа за клиентите. Користиме напредни ИТ решенија, аналитика и строги етички стандарди.

Со цел понатамошен развој на тимот на територијата на Република Северна Македонија, ODMC бара Соработник со релевантно работно искуство и соодветни квалификации за работната позиција Тим лидер во Повикувачки центар.

**ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:**

Одговорен за водење и мотивирање на тим во наплатата на побарувања, обезбедувајќи високи стандарди на професионалност, ефикасност и усогласеност со законските и етичките правила. Клучна алка меѓу менаџментот и секојдневното оперативно работење.

**КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:**

·      Организирање и планирање на секојдневното работење на Повикувачкиот центар;

·      Управување, анализа и мониторинг на доделено портфолио;

·      Креирање и имплементација на стратегии за ефикасна наплата на побарувањата;

·      Следење и анализа на KPI индикатори и резултати на тимот, како и идентификување области за подобрување;

·      Учество во регрутација, обука и развој на членовите на тимот;

·      Комуникација и координација со други оддели (Правен, Финансии, ИТ, Back-office) за непречено работење;

·      Директна одговорност пред Извршниот директор (CEO) и Регионалниот менаџер на повикувачки центар за оперативните резултати;

·      Одговорност за ефикасност во наплата на побарувањата.

**ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:**

·      Стручна спремност: IV степен;

·      Работно искуство: најмалку 1 (една) година на иста или слична позиција или релевантно искуство во областа на наплата на побарувања, банкарство и финансии;

·      Најмалку 1 (една) година искуство во водење и управување на тим;

·      Напредно познавање на Excel;

·      Работа со KPI индикатори;

·      Развиени аналитички способности и вештини за самостојно донесување одлуки;

·      Лидерски и организациски способности.

**НУДИМЕ:**

·      Конкурентна плата (1000 евра – 1300 евра);

·      Можности за професионален развој и унапредување;

·      Динамична и мотивирачка работна средина;

·      Финансиско вреднување на успешноста на резултатите.

**КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:**

Доколку сметате дека ги исполнувате условите, Ве повикуваме да аплицирате со испраќање на Ваша професионална биографија (CV).

*\*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на разговор.*

***Заштита на лични податоци***

*Со аплицирање на овој оглас, кандидатите изразуваат согласност нивните лични податоци да бидат обработувани од страна на работодавачот, исклучиво за потребите на процесот на селекција и вработување, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.*

*Собраните податоци ќе се користат само за наведената цел и нема да бидат споделувани со трети лица. Работодавачот ќе ги чува личните податоци во рок утврден согласно законските прописи, по што истите ќе бидат соодветно избришани или уништени.*

*Кандидатите имаат право на пристап, исправка или бришење на своите лични податоци, како и право да ја повлечат согласноста за обработка во секое време, со доставување на барање на електронската адреса наведена во огласот.*