Duke ngarkuar...

Платена практикантска работа

NLB Banka Skopje

/job-details/8887

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Млади ентузијасти, ве мотивираме да аплицирате на нашиот оглас за платена практикантска работа во Контакт центарот**

**Твоите работни цели:**

- Комуникација со клиентите за банкарските продукти и услуги;
- Советување и поддршка на клиентите при користење на услугите на Банката;
- Активности поврзани со користење и администрирање на податоци за дигитални сервиси.

**Твојот профил:**

- Универзитетско образование или студенти на додипломски/постдипломски студии.
- Комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
- Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
- Познавање на основни ИТ алатки, англиски јазик на основно/средно ниво.

**Твој мотив да ни се придружиш:**

- Практична работа во времетраење до 3 месеци во препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Можност за учење и менторство од врвни банкарски специјалисти;
- Позитивна организациска култура и меѓусебна доверба и грижа за вработените се основни начела во работењето;
- Можност за практична работа во Скопје.

**Те очекуваме да аплицираш со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk или на nlbkariera@nlb.mk со назнака „Апликација за платена практикантска работа“, најдоцна до 10.09.2026 година.**