Duke ngarkuar...

Овластен сметководител

iute Macedonia

/job-details/7013

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.

Ние не следиме трендови. Ги создаваме.

Бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:

**Овластен сметководител**

**Твојата мисија**

Водење и контрола на финансиска евиденција, изготвување финансиски извештаи и грижа за усогласеност со законските прописи. Анализирање податоци, подготвување даночни пресметки и давање совети за финансиско управување. Твојата работа е клучна за точноста и транспарентноста на финансиското работење.

**Што ќе движиш?**

Комплетно ќе го водиш сметководствено работење и контрола на истото.

Ќе вршиш прием и контрола на сметководствена документација и спроведување на навремени и точни книговодствени процеси во главната книга во согласност со законските прописи, интерни процедури и сметководствени стандарди (МСС/МСФИ).

Навремено и точно пресметување, евидентирање и плаќање на даночни обврски на компанијата во согласност со законските прописи (ДДВ, данок на добивка и персонален данок).

Реализација на банкарски налози за плаќање на фактури и останати плаќања, како и обезбедување точни и навремени информации и извештаи за парични текови.

Периодично усогласување и контрола на состојбите во главна книга и аналитичка евиденција.

Подготовка на завршна сметка, финансиски извештаи, статистички и останати извештаи до соодветните регулаторни тела и до раководството на компанијата.

Следење на законски прописи и нивна примена во работењето, како и воспоставување и контрола на интерни сметководствени процедури.

Комуникација со релевантни институции.

Подготовка за ревизија, комуникација со ревизори и обезбедување на целосна и точна документација во процесот на ревизија.

**Кого бараме?**

✔ Да имаш најмалку 5 години работно искуство во областа на сметководство.

✔ Имаш универзитетско образование.

✔ Искуство во финансиски сектор? Плус.

✔ Работа во Dynamics 356 ќе се смета за предност.

✔ Сертификат за овластен сметководител.

✔Одлично познавање на финансиската и даночна регулатива во земјата како и интернационалните финансиски и сметководствени стандарди.


Одлично познавање на Англискиот јазик.

✔ Напредни MS office компјутерски вештини.


Вештини за подготвување извештаи.

**Што добиваш?**

-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот.

-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари.

-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание.

-Континуиран развој, учење и професионален раст.

-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти.

-Тимбилдинзи во земјата и странство.

-Спортски активности.

-Дополнителни здравствени прегледи.

*Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку напредок, технологија и дигитален развој– време е да се запознаеме.*

📅 Аплицирај до: 07 јуни 2026

📧 Испрати CV на: jobs@iute.mk

✉️ Назнака:
*Овластен сметководител*

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.