Duke ngarkuar...

Координатор на земјоделско производство

DEKRA Arbeit Macedonia

/job-details/6843

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 48 dite me pare
**Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Објавува Позицијата**

- Координатор на земјоделско производство

**ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО**

- Планирање, организирање и координација на производниот процес во Агро комплекс;
- Изработка на производствени планови и програми за развој;
- Анализа на производните процеси, предлагање мерки за нивно унапредување и разрешување на техничко-технолошките проблеми;
- Планирање и оптимизација на потребните ресурси (работна сила, механизација, материјали);
- Соработка со надворешни стручни лица и консултанти во функција на унапредување на производниот процес и ефикасно справување со проблемите при имплементацијата на програмите;
- Организирање, координација и надзор на сите активности во производство на земјоделски култури;
- Раководење со вработените, нивно распоредување, обука и следење на извршување на задачите;
- Следење на процесот од подготовка на површини за сеидба до берба, пакување и испорака;
- Оперативен надзор на терен и координација на дневните активности;
- Учество во техничко-технолошки процеси за подобрување на производството и креирање на развојни програми;
- Обезбедување ефикасно користење на опрема и ресурси;
- Контрола и евиденција на возила, механизација и приклучна опрема;
- Следење и контрола на потрошувачката на гориво и оперативните трошоци;
- Контрола на здравствената состојба на насадите;
- Следење на реализацијата на планираните активности;
- Подготовка на извештаи (дневни, неделни и месечни);
- Одржување на високи професионални стандарди и деловна етика.

**ПОТРЕБНИ**
**КВАЛИФИКАЦИИ**

- Кандидатите со ВСС- Факултет за земјоделски науки и храна или ССС – Земјоделски техничар со претходно работно искуство на иста или сродна позиција минимум 5 (пет) години ќе имаат предност при изборот;
- Познавање на MS Office програми и англиски јазик ќе се смета за предност;
- Доверлив и аналитичен со високо чувство за координирање на трошоци и економичност;
- Силни организациски, комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок;
- Способност за решавање проблеми;
- Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интервенција со персоналот;
- Познавање на земјоделската пракса и технологија.

**ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ**
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на
**job.arbeit.mk@dekra.com**
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.



- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

***Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:***
**rabota.arbeit.mk@dekra.com**