Duke ngarkuar...

Lawyer (Адвокат)

Boshnjakovski Law Office

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 30 dite me pare
**ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ**

**Адвокатската канцеларија Бошњаковски**
е адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, со изразен фокус на работа со меѓународни компании, инвеститори и индивидуални клиенти. За повеќе информации посетете ја нашата web-страна: www.boshnjakovski.com

Во моментов објавуваме повик за
**една позиција: правник со положен правосуден испит или адвокат со лиценца**
.

Нашата работа е фокусирана во неколку комплементарни области:

- **Деловно и трговско право**
, каде што советуваме компании кои работат во сектори како што се ИТ и технологија, финансии, градежништво, развој на недвижности и други стопански дејности. Во оваа област работиме на договори и преговори, корпоративни и регулаторни прашања, лиценцирање, трудово право, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, финансиско право и прашања поврзани со даноци.

- **Меѓународно граѓанско право**
, во рамки на кое застапуваме странски физички лица и припадници на дијаспората во постапки поврзани со наследство, развод, старателство, државјанство и други прекугранични семејни и граѓанско-правни прашања.

- **Миграционо право**
, каде што работиме за познати глобални корпорации, но и индивидуални инвеститори и дигитални номади во постапки за добивање дозволи за престој и работа.

Тоа што
**нудиме**
е:

- професионална и поддржувачка средина, во рамки на млад, мотивиран и искусен тим.
- култура која вреднува одговорноста, самостојноста и интелектуалната љубопитност
- јасно дефиниран пат за станување на адвокат како партнер во нашата канцеларија (partnership track), при што кандидатите постепено ќе се развиваат не само како правници, туку и како дел од долгорочната деловна стратегија на канцеларијата.
- **конкурентна плата и денови за одмор над законскиот минимум.**

Кандидатите кои аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови:

- **Адвокатски лиценца или минимум положен правосуден испит**
- **Најмалку две години работно искуство**
- **Одлично познавање на англискиот јазик**
- **Познавање на други јазици е предност**
- **Силна мотивација за личен напредок**

Заинтересираните кандидати се поканети да достават
**биографија (CV)**
на:
**vladimir@boshnjakovski.com**