Duke ngarkuar...

Специјалист за етикетирање и превод

Lidl North Macedonia

/job-details/14357

Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот
**#teamlidl**
, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

**Твои задачи**

- Обезбедување преводи на македонски и албански јазик
- Проверка на декларации и нивна усогласеност со законските и интерните регулативи и очекувањата на потрошувачите
- Oсигурување за точноста на содржината на преведени документи и проценка на ризици поврзани со производите
- Советување со менаџерите за набавки за технички прашања поврзани со обезбедување квалитет
- Комуникација со добавувачи, институции и останати бизнис партнери во однос на регулативите за прехранбени производи и други технички прашања
- Концепција и оптимизација на нови и постоечки работни процеси, како и координација на протокот на информации со релевантните оддели
- Исполнување на зададените KPIs во предвидените рокови

**Твој профил**

- Одлично познавање на
**албански и македонски јазик**
(познавањето на англиски или германски ќе се смета за предност)
- Пожелна универзитетска диплома (Технолошко-металуршки, Земјоделски факултет, Филолошки факултет или сл.)
- Минимално една година рaботно искуство на иста или слична позиција
- Одлично познавање на MS Office/Google Workspace
- Прилагодливост, флексибилност и одлични организациски вештини

**Што нудиме**

- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можност за обука во странство
- Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Пакет за добредојде на новите вработени