Duke ngarkuar...

Sales Specialists Skopje

Cezakomerc

/job-details/13887

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа, има потреба од:

**МЕРЧЕНДАЈЗЕРИ/УНАПРЕДУВАЧИ НА ПРОДАЖБА за регион: СКОПЈЕ (2 ИЗВРШИТЕЛИ)**

**УСЛОВИ:**

- Претходното работно искуство во трговија со прехранбени производи, како и познавањето на продажните објекти во регионот, ќе се сметаат за предност;
- Предност за кандидати со завршено високо образование;
- Искуство за работа со компјутер, активно познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б-категорија (активен возач)​

**ЛИЧЕН ПРОФИЛ:**

- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Флексибилност за работа на терен;
- Креативност и самоиницијативност;
- Способност за индивидуална и тимска работа и градење на тимски дух;
- Деловна култура; - Професионален однос кон работата и енергичност.​

**ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:**

- обврска за редовна посета на маркетите за кои е задолжен;
- проверка на состојбата на сите производи на Друштвото во маркетите за кои е задолжен, следење излез на производите и нарачките;
- следење рокови, изложеност на артиклите, уредност и контрола на цени;
- надополнување на производите на рафт;
- спроведување на потребни маркетинг активности кај клиентите, презентација и промотивни активности;
- следење на залихи;
- комуникација со постоечки коминтенти;
- подобрување на пласман на артикли и нивни позиции;

**НИЕ НУДИМЕ:**

- Одлична плата;
- Позитивна и пријатна работна атмосфера;
- Можност за напредување.

***Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.***

***Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.***

***Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.***

Доколку овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите на следната е-маил адреса
**rabota\_cezakomerc@yahoo.com**
со задолжителна назнака на апликацијата
**“ЗА ОГЛАС ЗА МЕРЧЕНДАЈЗЕР/УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА за регион: СКОПЈЕ**