Duke ngarkuar...

Магационер

M SAN Grupa

/job-details/13566

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
VIVAX, дел од M SAN Group — една од водечките компании за дистрибуција на HVAC системи и потрошувачка електроника во Југоисточна Европа — гради силно присуство на регионалните пазари преку иновации, сигурност и континуиран раст.


Со добро воспоставено портфолио на решенија за климатизација и паметен дом, VIVAX прерасна во препознатлив бренд посветен на понуда на производи прилагодени на современиот начин на живот и секојдневната удобност.


Локација: ул. Вангел Нечевски бр.43, Визбегово, Скопје


Го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по:


**Магационер**
**Што добивате:**

- Конкурентна плата
- Работни денови од понеделник до петок
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
- Приватно здравствено осигурување
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
- Можност за надградување и напредок во рамки на компанијата

**Работни задачи:**

- Прием на роба во магацин (контрола на квалитет и количини на примена роба, водење евиденција при прием)
- Правилно одржување и спремање на постоечка роба во магацин со ПДА уреди со помош на современ систем за магацинско работење
- Вршење на попис на роба-издавање на роба по пат на службена документација
- Утовар и истовар на роба при прием, и издавање заедно со другите колеги од логистика со современа опрема за работа
- Одржување на магацински простор и канцеларии во склоп на просторот-пакување на роба и максимално внимание и грижа за робата во магацин

**Од кандидатот очекуваме:**

- Завршено ССС
- Претходно искуство во логистика и магацинско работење ќе се смета за предност
- Познавање и работа на компјутер
- Поседување лиценца за управување со виљушкар ќе се смета за предност
- Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето
- Високо ниво на одговорност и концентрација
- Адаптибилност и можност за работа во тим