Duke ngarkuar...

Менаџер за ИТ сертификација / Аудитор

INTERCERT ISO Certification

/job-details/13273

Centar, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
ISO/IEC 27001, ISO/IEC 27701 и сродни ИТ стандарди | Скопје | Полно работно време

**Интерцерт е независно сертификациско тело кое им помага на организациите да ја зголемат својата конкурентност преку сертификација според ISO стандарди. Го развиваме и прошируваме портфолиото на ИТ сертификации – информациска безбедност (ISO/IEC 27001), приватност на информации (ISO/IEC 27701), континуитет на работењето и управување со ИТ услуги, PCI DSS, SOC2 – и бараме колега кој ќе биде носител на тие шеми.**

**ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА**

**Ќе бидете задолжен/а за ИТ шемите за сертификација во Интерцерт: од методологијата и документацијата, преку компетентноста на аудиторите, до учество во акредитациските процеси. Паралелно ќе спроведувате проверки кај клиенти, така што шемите ги градите врз реално искуство од терен.**

**ОДГОВОРНОСТИ**

**Менаџер на шеми**

**·      Развој и одржување на шемите за сертификација според ISO/IEC 27001 и ISO/IEC 27701 (процедури, чеклисти, обрасци, пресметка на време за проверка)**

**·      Следење на промените во стандардите и барањата за сертификациски тела (ISO/IEC 17021-1, ISO/IEC 27006) и усогласување на системот**

**·      Техничка поддршка на аудитори и преглед на извештаите од проверки пред одлука за сертификација**

**·      Оценување на компетентноста, квалификација и обука на нови аудитори (внатрешни и надворешни)**

**·      Учество во интерни проверки и во комуникацијата со акредитациски тела**

**Аудитор**

**·      Планирање и спроведување на иницијални, надзорни и ресертификациски проверки кај клиенти**

**·      Проценка на ИТ контроли, управување со ризик и обработка на лични податоци**

**·      Извештаи со јасни наоди: неусогласености, можности за подобрување, добри практики**

**·      Професионална комуникација со клиенти, непристрасност и доверливост**

**ШТО БАРАМЕ**

**·      Образование:**
високо образование од областа на информатика, компјутерски науки, информациски системи, електротехника или слично

·      
**Искуство:**
минимум 3 години во информациска безбедност, ИТ управување, ризик или заштита на лични податоци (внатрешно ИТ/безбедносно искуство, консултантско или аудиторско)

·      
**Стандарди:**
генерално познавање на ISO/IEC 27001, ISO/IEC 20000-1, ISO 22301, PCI DSS, NIS2, SOC2 или ISO/IEC 27701

·      
**Сертификат:**
ISO Lead Auditor – или подготвеност да се стекне во рок од 6 -12 месеци од вработувањето

·      
**ИТ технологии:**
практично познавање на ИТ инфраструктура и мрежи, облак (Microsoft 365, Azure, AWS), управување со пристап и идентитети, логирање и мониторинг, бекап и обновување, управување со ранливости, безбеден развој на софтвер

·      
**Јазици:**
англиски јазик – напредно ниво (работа со меѓународни стандарди и клиенти)

·      
**Вештини:**
аналитичко мислење, организираност, внимание на детали, јасно пишување на извештаи, професионален пристап

·      MS Office – напредно ниво; возачка дозвола Б категорија

**Предност**

**·      ISO Lead Auditor/Lead Implementer; CISA, CISM, CISSP, CIPP/E, CIPM или слично**

**·      Искуство како аудитор или консултант за системи за управување**

**·      Познавање на ISO 27001, ISO/IEC 20000-1, ISO 22301, ISO/IEC 42001, NIS2 или SOC2**

**·      Искуство во работа со финансиски институции**

**ШТО НУДИМЕ**

**·      Клучна улога во акредитирано сертификациско тело со меѓународен опсег**

**·      Развој на шеми од почеток, со директен придонес во насоката на компанијата**

**·      Стекнување статус на водечки проверувач (Lead Auditor) и континуирана обука**

**·      Работа со клиенти од различни индустрии, локално и интернационално**

**·      Конкурентна плата и напредување според резултатите**

**АПЛИЦИРАЊЕ**

- **Испратете CV и кратко мотивациско писмо на: info@inter-cert.net**

Повеќе информации за фирмата на Intercert - System Certification