Account & Digital Marketing Manager
Rating Agency
/job-details/13214
Ако со години успешно жонглираш меѓу барањата на клиентите и креативниот процес, а дигиталните канали и социјалните мрежи ти се природна средина, нашиот тим се шири и имаме отворено столче за тебе. Бараме личност со искуство која бара долгорочно вработување и знае како да изгради доверба со клиентите.
**Твојот секојдневен ритам:**
- **Водење клиенти од почеток до крај:**
Градиш партнерски односи со клиентите, ги препознаваш нивните реални бизнис потреби и ги претвораш во прецизни, остварливи брифови за тимот.
- **Стратегија и адаптација на содржина:**
Осмислуваш месечни планови и пишуваш уникатно copy за секоја објава, целосно прилагодено на тонот и публиката на платформите (Facebook, Instagram, LinkedIn, X, TikTok)
- **Следење на пулсот и трендовите:**
Секогаш знаеш што се случува во моментот, експериментираш со нови формати и прв предлагаш како брендовите да бидат дел од муабетот на мрежите.
- **Брза креатива и визуелни решенија:**
Самостојно подготвуваш брзи креативи и кратки видео формати (Canva, Cup Cut) кога моментот бара инстант реакција.
- **Користење модерни алатки:**
Активно и паметно користиш AI алатки како личен асистент за бреинсторминг, генерирање идеи и копирајтинг.
- **Заедница и аналитика:**
Го следиш ангажманот на публиката, учествуваш во комуникацијата каде што е потребно и подготвуваш месечни извештаи со реални заклучоци и предлози за раст.
**Што очекуваме да донесеш на маса:**
- **5+ години работно искуство**
на позиции поврзани со account management, водење проекти, дигитален маркетинг или социјални мрежи.
- **Искуство во маркетинг/дигитална агенција**
е огромна предност.
- **Одлична комуникација и јазична писменост:**
Способност за брзо, креативно и прецизно изразување на македонски и англиски јазик.
- **Основни вештини за дизајн:**
Познавање на алатки како Canva
- **Напредно користење AI:**
Практично знаење за користење AI алатки во секојдневната работа за зголемување на ефикасноста и квалитетот.
- **Организираност:**
Брзина, ажурност и висок степен на лична одговорност при водење повеќе проекти истовремено.
- **Широка општа култура:**
Познавање и интерес за општествени теми, бизнис случувања и политика е бонус за тебе.
**Што добиваш кај нас:**
- **Long-term, стабилно вработување:**
Градиме тим на долги патеки и бараме личност која сака заеднички стабилен раст.
- **Конкурентен финансиски пакет**
усогласен со твоето искуство, автономија и одговорност.
- **Флексибилност и хибриден модел:**
Комбинација на работа од канцеларија и од дома по договор, нас нè интересира само сработеното и квалитетот, а не седење на столче од 9 до 5.
- **Простор за твоите идеи:**
Кај нас нема слепо „одработување задачи“; цениме иницијатива, предлози за иновации и слобода во носењето одлуки.
- **Поддршка и динамика:**
Работна средина каде секој ден носи различен предизвик, со тим кој си ја знае работата и е секогаш тука да помогне.
**Како да се пријавиш?**
Испрати го твоето
**CV**
и кратко
**портфолио или линкови од социјални мрежи/проекти**
на кои си работел/а на
**info@rating.mk**
со наслов:
**Апликација за Account & Digital Marketing Manager – Твоето Име и Презиме**