Duke ngarkuar...

Medical Sales Representative

Innventa pharm Ltd.

/job-details/12436

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
ИННвента е успешна, амбициозна и една од најбрзорастечките компании на фармацевтскиот пазар на Балканот.

Во моментов сме присутни на пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија, Словачка, Шпанија и Русија, со планови за проширување на пазарите во Источна и Западна Европа.

Нашето уникатно портфолио на производи ИННвента е развиено во соработка со реномирани партнери од Шпанија, Грција, Италија, Аргентина, Соединетите Американски Држави и други земји.

Посебен акцент ставаме на терапевтските групи и индикациите од областа на урологија, ортопедија, неврологија, гинекологија, кардиологија и оториноларингологија (ОРЛ). Посветени сме на континуиран напредок во обезбедувањето иновативни фармацевтски решенија, со цел да одговориме на потребите на медицинската заедница и на нашите лојални потрошувачи.

 

ИННвента е предводена од тим од успешни професионалци со долгогодишно искуство во фармацевтската индустрија. За дополнително зајакнување на нашиот продажен тим на терен, објавуваме оглас за следната позиција: 

**МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО**

**Потребни квалификации:**

- ​ВСС: дипломиран фармацевт/магистер по фармација, доктор по медицина, доктор по стоматологија.
- Работно искуство од најмалку една година во промоција на фармaцевтски производи.​

**​Опис на работата:**

- Промоција и продажба на ИННвента портфолио
- Спроведување на маркетинг планови и остварување на планирани цели
- Редовни работни состаноци со лекари и фармацевти
- Стручна презентација на производи
- Следење и анализа на активностите на фармацевтскиот пазар
- Организирање и учество на стручни промотивни собири
- Редовно известување.

**Потребни вештини и способности:**

- Познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки способности
- Самодоверба, одлучност и упорност
- Свесност за комерцијално и деловно работење
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

**На вработените им нудиме:**

- Работа во позитивна, динамична и стимулативна средина
- Континуирана обука и усовршување
- Атрактивен финансиски пакет со бонус систем