Duke ngarkuar...

Ракувач на земјоделска машина

DEKRA Arbeit Macedonia

/job-details/12418

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Во Име На Нашиот Клиент, ДЕКРА Ја Објавува Позицијата**

- Ракувач на земјоделска машина

**ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО**
Ракувачот на земјоделска механизација е одговорен за правилно, безбедно и ефикасно управување со современа земјоделска механизација, како и за нејзино одржување и рационално користење, со цел квалитетно и навремено извршување на планираните земјоделски активности.


**КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ**

- Управува и ракува со трактори со голема моќност, самоодни земјоделски машини и различни видови приклучна механизација;
- Извршува земјоделски операции поврзани со подготовка и обработка на почвата, сеидба, прихрана, заштита на растенијата, прибирање на земјоделските производи и транспорт
- Обезбедува правилно, внимателно и економично користење на машините, почитувајќи ги техничките упатства и работните процедури;
- Врши редовни дневни проверки на техничката исправност на механизацијата и учествува во спроведувањето на планираното одржување;
- Се грижи за навремено откривање и пријавување дефекти, неправилности и отстапувања во работењето на машините;
- Самостојно отстранува помали технички дефекти во рамките на своите компетенции и овластувања;
- Се грижи за чистотата, уредноста и правилното чување на доверената механизација и опрема;
- Ги почитува прописите за безбедност и здравје при работа и правилата за безбедно управување со земјоделска механизација.

**ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО**

- Најмалку 3 години релевантно работно искуство во управување со земјоделска механизација;
- Практично искуство во управување со големи и современи земјоделски машини;
- Познавање на принципите на работа, правилно користење и основно одржување на земјоделската механизација;
- Соодветна возачка дозвола и исполнување на законските услови за управување со машините што се користат на работното место;
- Подготвеност за работа со флексибилно работно време, согласно сезонскиот карактер на земјоделското производство;
- Флексибилност и подготвеност за работа во периоди на зголемен обем на активности;
- Самостојност, организираност и способност за решавање оперативни проблеми;
- Домаќински и одговорен однос кон доверената механизација и опрема.

**ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ**
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на
**job.arbeit.mk@dekra.com**
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.



- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

***Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:***
**rabota.arbeit.mk@dekra.com**