Duke ngarkuar...

Маркетинг специјалист

Kola

/job-details/12351

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 1 dite me pare
**Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата. Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го нашиот оглас за следното слободно работно место:

Маркетинг специјалист

1 (еден) извршител на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување

УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТАТА?**

- ССС или ВСС (економија, бизнис, маркетинг, статистика или сродна област);
- Работно искуство најмалку 3 години во областа;
- Англиски јазик- писмено и усно;
- Основно познавање на дигитални канали и социјални мрежи;
- Добро познавање на Microsoft Office (Excel, PowerPoint)

**ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:**

- организациски вештини
- вербални и писмени комуникациски вештини
- одговорност и посветеност
- способност за работа во динамична и креативна средина
- способност за индивидуална и тимска работа
- разбирање на основни маркетинг концепти и работа со податоци

**КРАТОК ОПИС НА РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ:**

- Да го координира и спроведува развојот на маркетинг кампањи и бренд активности;
- Креирање, управување и следење на маркетинг иницијативи и бренд планови;
- Имплементација ,управување и следење на активностите по бренд согласно годишниот бренд план;
- Следење и унапредување на маркетинг процеси во соработка со други оддели
- Реализација на кампањи преку PR, дигитални, ATL и BTL канали;
- Организација и учество во конференции, семинари, саеми и спонзорства;
- Иницирање и анализа на пазарни истражувања и трендови и нивна примена во стратегии;

**ШТО НУДИМЕ?**

- Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок работното време започнува од 07.30 часот до 08:30 часот (флексибилно работно време), а завршува од 15:30 часот до 16.30 часот
- Континуирана едукација и можности за развој
- Колективно осигурување

Вашата кратка биографија испратете ја преку полето ПРИЈАВИ СЕ или доставете ја на Ул.Качанички пат бр.254 во рок од 7 работни дена од 22.10.2026 година до 02.11.2026 година.