Duke ngarkuar...

Деловен партнер за човечки ресурси (HR Business Partner)

Kola

/job-details/12305

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата. Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го нашиот оглас за следното слободно работно местo:**

**Деловен партнер за човечки ресурси**

**(HR Business Partner)**

**За оваа позиција бараме:**

- ВСС (општествени науки, психологија, менаџмент, бизнис администрација);
- минимум 4 (четири) години во струката, искуство во сите фази на циклусот на човечки ресурси
- Напредно познавање на Microsoft Excel
- Познавање на Англиски јазик

**Краток опис на работните обврски :**

- Учестува во развојот на стратешкиот план на човечки ресурси, целите и програмите;
- Одговорен е за воспоставување и одржување на организациски дизајн и структура, анализа и евалуација на работни места, како и планирање и следење на бројот на вработени;
- Учествува во развој на системи за управување со учинок, модели на наградување;
- Учествува во ревизијата на системот на плати и надоместоци и предложува систем за покачување на истите (рангови на плати).
- Врши и други работи од делокругот на работа по налог на раководителот;

**Вештини што ќе ти помогнат во оваа улога:**

- Добра организација
- Комуникациски вештини
- Одговорност и посветеност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Аналитичност во работењето и ориентираност кон цели

**Што нудиме:**

- Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок работното време започнува од 07.30 часот до 08:30 часот (флексибилно работно време), а завршува од 15:30 часот до 16.30 часот
- 1 (еден) извршител на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување
- Приватно здравствено осигурување
- Колективно осигурување
- Континуирана едукација и можности за развој

Придружете ни се!

Вашата кратка биографија испратете ја преку полето ПРИЈАВИ СЕ или доставете ја на Ул.Качанички пат бр.254 во рок од 7 работни дена од 26.10.2026 година до 03.11.2026 година.