Duke ngarkuar...

Координатор за Бизнис-Развој и Партнерства

Darko Biberko TV

/job-details/12269

part_time
Publikuar Sot
**За Darko Biberko**

Darko Biberko е македонски едукативен серијал за деца кој преку музика и интерактивни ликови им помага на најмалите да го учат македонскиот јазик, култура, и традиција.

Со растечка публика на семејства во Македонија и во дијаспората, бараме проактивна и претприемчива личност која ќе ни помогне да го развиваме брендот, да отвораме нови извори на приходи и да воспоставуваме стратешки партнерства.

**За работната позиција**

Бараме лице за бизнис-развој и партнерства со скратено работно време, кое ќе идентификува и ќе развива можности за раст преку спонзорства, соработки со брендови, продажба и развој на производи, грантови и проширување на нови пазари.

**Главни одговорности**

- **Спонзорства и партнерства со брендови:**
Идентификување потенцијални спонзори и партнери, воспоставување контакти со компании, подготовка на предлози за соработка и учество во преговори.
- **Развој на мерч и производи:**
Истражување и развивање производи со брендот Darko Biberko, како играчки, книги, облека и други производи за деца и семејства.
- **Проширување на пазарите:**
Идентификување можности за проширување на брендот на други балкански пазари и достигнување до поширока публика во македонската дијаспора.
- **Грантови и финансирање:**
Истражување и подготовка на апликации за релевантни грантови, јавни повици, програми за поддршка на културата и други можности за финансирање.
- **Соработка со институции:**
Воспоставување контакти и партнерства со општини, министерства, државни институции, културни организации и други релевантни субјекти.
- **Стратегија за бизнис-развој:**
Истражување пазари, подготовка на листи со потенцијални партнери, изработка на понуди и следење на контактите од првично обраќање до реализација на соработката.

**Потребни квалификации**

- Искуство во бизнис-развој, партнерства, продажба, маркетинг, спонзорства или сродна област.
- Одлични комуникациски вештини и способност за воспоставување и одржување деловни односи.
- Проактивност, самостојност и способност за препознавање нови деловни можности.
- Предност е искуството со брендови, производители, спонзори, јавни институции или аплицирање за грантови.
- Особено се цени искуството со детски брендови, едукативни содржини, медиуми, YouTube, издаваштво, играчки или производи за широка потрошувачка.
- Познавање на македонскиот пазар и деловното опкружување; контакти низ Балканот или во дијаспората се предност.
- Способност за самостојна организација на работата и доследно следење на деловните можности до нивна реализација.

**Што нудиме**

- Флексибилен ангажман со скратено работно време и можност за понатамошен развој на позицијата.
- Можност за учество во развојот на препознатлив македонски едукативен и културен бренд.
- Директна соработка со основачите и можност за значајно влијание врз стратегијата за развој.
- Надомест утврден според искуството, обемот на ангажманот и одговорностите, со можност за дополнителни стимулации врз основа на успешно реализирани партнерства.

**Како да аплицирате**

Испратете ни го вашето CV или LinkedIn-профил, и одговорете неколку прашања во врска со вашето релевантрно искуство.