Duke ngarkuar...

Head of Customer Experience

Finmak | Финмак

/job-details/11571

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата

Head of Customer Expirience

Биди лидерот што ќе го подигне корисничкото искуство на следно ниво!

Во ТИГО веруваме дека одличното корисничко искуство започнува со одлични луѓе, мотивирани тимови и вистински лидерски пристап.

Бараме Head of Customer Experience – искусен, енергичен и резултатски ориентиран лидер кој ќе ги води и развива нашите тимови во филијалите и Контакт центарот, со јасна цел: задоволни клиенти, успешни тимови и подобри продажни резултати.

Твојата мисија

Да ги водиш, мотивираш и развиваш тимовите во филијалите и Контакт центарот.

Да обезбедиш остварување на продажните цели и клучните KPI индикатори.

Да го унапредуваш корисничкото искуство во секоја точка на контакт со клиентите.

Да препознаваш можности за зголемување на продажбата, конверзијата и задржувањето на клиентите.

Да воведуваш подобри продажни практики, стандарди на услуга и оперативни процеси.

Да ја следиш индивидуалната и тимската успешност и да креираш конкретни планови за подобрување.

Да градиш култура на одговорност, соработка, проактивност и континуиран развој.

Кого бараме?

Лидер со докажано искуство во управување со поголеми продажни и оперативни тимови.

Професионалец со силна продажна ориентација и разбирање на корисничкото искуство.

Личност која знае да ги претвори KPI анализите во конкретни активности и резултати.

Одличен комуникатор, ментор и мотиватор.

Некој што презема иницијатива, носи одлуки и успешно управува со промени.

Предност е искуство во финансиски услуги, банкарство, телекомуникации или други индустрии со развиена продажна мрежа и Контакт центар.

Што нудиме?

Клучна лидерска позиција со директно влијание врз деловните резултати.

Можност да управуваш со два важни продажни канали.

Динамична средина во која идеите и иницијативите се вреднуваат.

Простор за професионален развој и реално влијание врз начинот на кој работиме.

Услови од компанијата:

- Дополнителни денови за годишен одмор за лојални вработени;
- Флексибилно работно време понеделник до петок 08/09-16/17 часот;
- Современа и најнова технологија;
- Атрактивен пакет на бонуси;
- Приватно здравствено осигурување;
- Дел од пензиска шема во трет пензиски столб;
- Слободен ден за прваче;
- Слободен ден за роденден;
- Можност за напредување;
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија.

Подготвен/а си да направиш разлика?

Не бараме само менаџер. Бараме лидер кој инспирира луѓе, развива тимови и создава резултати.

Приклучи се на ТИГО и помогни ни да го создадеме следното ниво на корисничко искуство.

ТИГО знае како. А ти?

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО ФАЈНАНС ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО ФАЈНАНС ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС