Duke ngarkuar...

Специјалист за корпоративни комуникации, настани и спонзорства

A1 Makedonija

/job-details/11538

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 1 dite me pare
**Одговорности**
Планирање, организација и координација на корпоративни настани, конференции, промоции и интерни активности


Управување со спонзорства и партнерства, од иницијална комуникација до реализација и евалуација на резултатите


Подготовка на комуникациски материјали, презентации, покани, соопштенија и извештаи


Координација со интерни тимови, агенции, медиуми и деловни партнери


Следење на буџети, рокови и логистички аспекти поврзани со настаните и спонзорствата


Обезбедување усогласеност на сите активности со корпоративните комуникациски стандарди и бренд насоките


**Потребни квалификации**
Високо образование од областа на комуникации, маркетинг, односи со јавност, бизнис администрација или сродна област


Најмалку 3 години релевантно работно искуство во корпоративни комуникации, организација на настани, спонзорства или маркетинг


Одлични комуникациски и презентациски вештини


Искуство во управување со повеќе проекти истовремено и работа во динамична средина


Одлично познавање на македонски и англиски јазик


Самоиницијативност, креативност и високо ниво на организациски способности