Duke ngarkuar...

Технички секретар/Соработник за јавни набавки

SA-SA Engineering Skopje

/job-details/11514

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**За нас**

СА-СА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија специјализирана за продажба на големо на висококвалитетни машини, делови за машини и индустриска опрема за различни индустриски сектори. Компанијата соработува со клиенти од приватниот сектор и јавни институции, учествувајќи во транспарентни и конкурентни постапки за јавни набавки. Нашиот фокус е давање на професионална услуга и техничка експертиза во изнаоѓање на сигурни, ефикасни и иновативни решенија, со цел да им овозможиме на нашите клиенти пристап до висококвалитетна, економична и издржлива опрема и делови.

За потребите на нашиот тим, бараме одговорна и организирана личност за работната позиција
**Технички секретар / Соработник за јавни набавки**
.

**Опис на работно место**

- Следење и анализа на објавени тендери и постапки за јавни набавки;
- Подготовка, комплетирање и поднесување тендерска документација и понуди;
- Учество во постапки за јавни набавки и координација на потребните активности;
- Комуникација со институции, деловни партнери и добавувачи;
- Техничка и административна обработка на документација поврзана со машинска и индустриска опрема;
- Следење на рокови и обезбедување навремено доставување на потребните документи;
- Обезбедување административна и техничка поддршка во секојдневното работење на компанијата.

**Потребни квалификации**

- Основно до напредно познавање на машинството и индустриската опрема;
- Познавање на англиски јазик;
- Добро познавање на работа со компјутер и канцелариски апликации;
- Организираност, прецизност, одговорност и внимание на детали;
- Способност за самостојна работа, како и работа во тим;
- Претходно искуство со постапки на јавни набавки ќе се смета за предност, но не е задолжително.

**Што нудиме?**

- Почетна нето плата од 50.000 денари месечно;
- Можност за професионален развој и унапредување на техничките и административните вештини;
- Работа во динамична средина во областа на машинството и индустриската опрема;
- Можност за долгорочна соработка и професионално усовршување.

**Како да аплицирате?**

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција и сакате да станете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV на spiro@ssa.com.mk или контактирајте нè преку LinkedIn.

СА-СА ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје