Duke ngarkuar...

Специјалист за IT ревизија

Sparkasse Bank AD Skopje

/job-details/11499

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Кои сме ние?**

„Steiermärkische Sparkasse" е една од најсилните банкарски групации во регионот на Југоисточна Европа, која со своето присуство во земјите од Западен Балкан овозможува достапност на банкарските услуги за австриските и за регионалните компании, како и силна економска поврзаност и стабилност во целиот регион.

„Шпаркасе Банка" имајќи ја поддршката од големата финансиска групација, претставува доверлив партнер за своите клиенти во Р. Северна Македонија.

**Што може да очекувате**

- Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse
- Приватно здравствено осигурување
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
- Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух
- Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing)

**Основни работни задачи и одговорности**

- Спроведување ревизија користејќи техники за анализа на податоци со цел идентификување на

обрасците, трендовите и аномалиите во големите збирки на податоци.

- Развој на модели на податоци за поддршка на целите на ревизијата и проценка на ризичните области.
- Користење на SQL и/или Python за извлекување, трансформација и анализа на податоци.
- Изработка на скрипти со цел повлекување на податоци од различни дата бази и вршење на длабинска анализа за поддржување на наодите од ревизијата.
- Развој на скрипти и автоматизирани процеси за насочување на анализата на податоците и
- известувањето во процесот на ревизија, зголемувајќи ја ефикасноста и точноста.
- Спроведување на проценка на ризиците и преглед на имплементирани безбедносни стандарди и контроли, како и регулаторни барања.
- Презентација на наодите и препораките од ревизијата до засегнатите страни на јасен и концизен начин, вклучувајќи акциски планови и следење.
- Континуирано следење на најновите случувања во анализата на податоци, методологиите за ревизија и регулаторните барања. Примена на нови знаења за подобрување на процесот на ревизија.

**Кои квалификации се потребни:**

- Високо образование во областа на информатичка технологија, инженерство, анализа на податоци, компјутерски науки или сродна област
- Релевантна професионална сертификација (CISA или слично) ќе се смета за предност
- Релевантно работно искуство во внатрешна ревизија, управување со ИТ ризици, информациска безбедност, анализа на податоци, во банкарскиот или финансискиот сектор ќе се смета за предност.
- Познавање на SQL и/или Python за работа со податоци; искуство со алатки за визуелизација (Tableau или Power BI) ќе се смета за предност
- Познавање на ИТ инфраструктура (мрежи, SQL сервери и бази на податоци) и принципи на дигитална сигурност
- Силни аналитички способности, внимание на детали и умешност за решавање проблеми
- Одлични писмени и вербални комуникациски вештини, со способност за презентирање на сложени податоци на разбирлив начин.
- Способност за ефективна тимска работа и соработка со различни оддели

Те охрабруваме да ја искористиш оваа можност и да аплицираш на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на
**kariera@sparkasse.mk**

заклучно со
**30.10.2026**


**година**

со назнака
**„**

Специјалист за ИТ ревизија
**“.**

*\* Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.*

*\* Ве молиме за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.*

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

**ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #верувајвоиднината**

Те очекуваме!