Duke ngarkuar...

Практиканти во одделот за даноци

PwC North Macedonia

/job-details/11023

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Во PwC им помагаме на нашите клиенти да градат доверба и да ја преточат својата комплексност во конкуретна предност. Ние сме мрежа на компании со фокус на технологија и технолошки решенија, ориентирани кон луѓето, со над 370.000 вработени во 149 земји ширум светот. Преку ревизија, даночно и правно советување, деловни трансакции и консалтинг, помагаме во градењето, забрзувањето и одржувањето на деловниот моментум.


**Што бараме?**
**Практиканти во одделот за даноци**
**Квалификации**

- Дипломиран правник или магистер по правни науки со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС) за стекнување услови за полагање на правосуден испит;
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office;
- Работно искуство не е неопходно.

**Дополнителни барања:**

- течен македонски јазик и одлично познавање на англиски јазик;
- способност за тимска работа;
- познавање од работа со компјутери;
- амбициозна личност со способност да работи во различна и динамична работна околина;
- флексибилност и желба за патување во регионот и пошироко.

**Што нудиме:**

- комплетна програма за прилагодување и вовед во работата;
- утврден систем на „пријател“ и „ментор“ за нововработените ;
- програма за постојан личен и професионален развој;
- динамична и атрактивна работна околина;
- комплетна програма за бенефиции на вработените;
- интернационални ангажмани и можности за работа во други канцеларии на PwC.

Доколку сте заинтересирани, аплциирајте најдоцна до
**09 Ноември 2026**
година.



- Апликациите испратени по пошта, или на нашата е-mail адреса нема да бидат земени во предвид.

PwC Политика за приватност - Privacy Policy.