Duke ngarkuar...

Инженер за говорни и податочни телекомуникациски мрежи

Makedonski Telekom AD

/job-details/10879

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 46 dite me pare
Во моментов бараме Инженер за телекомуникациски мрежи кој ќе се приклучи на нашиот тим за DevOps активности за телекомуникациски и мултисервисни платформи и ќе учествува во развојот, имплементацијата, оптимизацијата и одржувањето на основната телекомуникациска мрежа за обезбедување на говорни и податочни сервиси.

**Работни задачи:**

- Развој, имплементација и оптимизација на технички решенија во областа на основната телекомуникациска мрежа и мултисервисните платформи;
- Подготовка на технички решенија и проектна документација за развој и унапредување на мрежата;
- Учество во развојот и имплементацијата на нови продукти, сервиси и функционалности во областа на мобилните, фиксните, IP&Data, интернет и деловните комуникации;
- Управување со животниот циклус на мрежните сервиси и платформи, вклучувајќи нивна конфигурација, реконфигурација и оптимизација;
- Континуиран мониторинг и анализа на мрежните перформанси, капацитетите и клучните индикатори за перформанси (KPI);
- Следење и подобрување на квалитетот и достапноста на телекомуникациските услуги;
- Детекција, анализа и решавање на технички проблеми и учество во интервенции за отстранување на пречки;
- Планирање и спроведување на превентивни активности и корективно одржување на телекомуникациската мрежа и платформите;
- Учество во тестирање, технички прием и имплементација на нови мрежни елементи, технологии и платформи;
- Следење на реализацијата на проектите, роковите и квалитетот на имплементираните решенија;
- Учество во подготовка на годишни и среднорочни планови за развој на телекомуникациската мрежа;
- Учество во технолошки и корпоративни проекти и соработка со интерни тимови, компании од ДТ Групацијата, вендори и други надворешни партнери;

**Потребни квалификации:**

- Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областа;
- Високо образование од областа на електротехника, телекомуникации, информациски технологии или друга сродна област;
- Познавање на телекомуникациски мрежи, мрежна архитектура, дизајн и оптимизација;
- Познавање на напредни телекомуникациски системи и технологии како ePC, IMS и IP Core;
- Познавање на системски алатки за контрола и управување со телекомуникациски системи;
- Познавање на Windows и UNIX/Linux платформи;
- Развиени аналитички способности и способност за решавање комплексни технички проблеми;
- Добри комуникациски способности и подготвеност за соработка со различни тимови и партнери;
- Познавање на англиски јазик
**.**

**Што очекуваме:**

- Интерес и желба за работа со современи телекомуникациски технологии;
- Аналитички пристап и ориентираност кон решавање проблеми;
- Одговорност и ориентираност кон резултати;
- Тимски дух и добра комуникација;
- Иницијативност и проактивен пристап;
- Желба за континуирано учење и професионален развој;
- Подготвеност за работа во динамична технолошка средина.

Ова е одлична можност да работите на технологии и системи кои се во срцето на нашата телекомуникациска мрежа и директно влијаат на квалитетот, стабилноста и развојот на услугите што секојдневно ги користат нашите корисници.

**Што нудиме:**

- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија;
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата;
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој;
- Приватно здравствено осигурување;
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ;
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата;
- Останати бенефиции како вработен во МК.

**Работно време:**

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

**Огласот ќе биде отворен од 02.10.2026 до 11.10.2026.**

**Забелешка:**

*Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.*

*Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.*

*Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.*