Duke ngarkuar...

Стипендии за талентирани студенти

EVN Macedonia

/job-details/10756

Skopje, Skopje Statistical Region
other
Publikuar Sot
ЕВН Македонија со стипендирање на студенти запишани на Технички факултети, дава свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа, и воедно ги стимулира идните студенти за запишување на Техничките факултети.

**Отворете ги вратите на можностите со нашите стипендии!**

Нашите стипендии ви нудат можност да ги остварите вашите сништа и својот потенцијал. Стипендијата е во висина од 10.000,00 денари месечно, и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување, во зависност од исполнување на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

**Кој може да аплицира:**

• Редовни студенти запишани на додипломски студии на Техничките факултети

• Студенти со постигнат успех од најмалку 8,5

• Студенти кои положиле најмалку 80% од предвидените испити во претходните години

• Да не повторувале година во текот на студирањето

• Да се државјани на Република Северна Македонија

• Студенти кои не се корисници на стипендија од друга институција или компанија.

**Потребни документи за аплицирање:**

• Потврда за редовен студент запишан по прв пат во зимски семестар за студиската 2026/2027

• Уверение за положени испити и постигнат успех до датумот на аплицирање

• Изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија

• Изјава за согласност за обработка и користење на лични податоци за цели на стипендијата

• Кратка биографија (CV).

Поради ограничениот број на стипендии селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на претходна предселекција и тестирање.

Добивањето на ЕВН стипендија претставува признание на вашите достигнувања и може да ви ги отвори вратите за идни прилики и успеси. Ве очекуваме!