Duke ngarkuar...

Градежен инженер

FMS dooel

/job-details/10478

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 46 dite me pare
Зад секоја успешна компанија стои силен тим. Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и е посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел, да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

Имајќи го предвид нашето разбирање за моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.

Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании дојдете и придружете ни се уште денес!

ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:

**ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР**

**Работни задачи**

- Организација, координација и следење на градежните и завршните работи на објектите;
- Координација со инвеститори, подизведувачи, добавувачи и останати учесници во проектите;
- Подготовка и контрола на понуди, предмери, пресметки и целокупна градежна, техничка и проектна документација;
- Следење на потрошувачката и навремено обезбедување на потребните материјали;
- Преземање други работни задачи поврзани со тековните проекти на компанијата.

**Потребни квалификации**

- Завршено високо образование-Градежен факултет;
- Претходно искуство на иста или слична позиција;
- Одлични организациски и комуникациски вештини;
- Познавање на AutoCAD и MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола од Б-категорија и подготвеност за работа на терен;
- Добри организациски, комуникациски и аналитички способности;

**Што нудиме**

- Стабилна работна средина;
- Можност за професионален развој;
- Работа во динамичен и поддржувачки тим;
- Конкурентна плата (во зависност од искуство)

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) на следната
**email адреса:**
**jobs@fms.com.mk**
,

со назнака на апликацијата “
**Градежен инженер**
” или преку опцијата Apply.