📢 ПОВИК ЗА НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ / ЕКСПЕРТСКИ ТИМ
SOS Children's Villages
/job-details/10427
##
**📢 ПОВИК ЗА НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ/КА ИЛИ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ**
**Краен рок за доставување понуди: 01.10.2026**
СОС Детско село објавува повик за ангажирање **надворешен експерт/ка или експертски тим за изработка на Проценка на потреби за деца без родителска грижа и деца во ризик да ја загубат родителската грижа**.
Проценката ќе се спроведува во **Скопскиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион** и ќе послужи како основа за идно програмско планирање, партнерства и застапување на СОС Детско село.
**Период на ангажман:** 05 октомври – 15 декември 2026**Препорачан ангажман:** 35 експертски дена
Може да се пријави **индивидуален/на експерт/ка или експертски тим**. Се бара релевантно професионално искуство во проценки на потреби, истражувања или евалуации, познавање на правата на детето и системот на социјална и детска заштита, како и искуство со квантитативни и квалитативни истражувачки методи.
Понудата треба да содржи писмо за интерес, техничка понуда со методологија и работен план, биографии и релевантни референци, финансиска понуда и изјава за достапност и непостоење судир на интереси.
📩 **Понудите се доставуваат на:** melina.tagarinska@sos.org.mk**Предмет:** „Понуда – Проценка на потреби“📅 **Краен рок: 01 октомври 2026 година**
👉 Деталните услови за ангажман, опфатот на задачата, очекуваните резултати и бараниот профил се наведени во приложениот **Terms of Reference (ToR)**.
ToR\_Needs\_Assessment\_2026\_MK\_Revidiran\_23092026