Duke ngarkuar...

Sales Manager

Yugoimpex Export Import doo - woodworking machinery

/job-details/10209

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 1 dite me pare
**За Компанијата:**

Југоимпекс е лидер на македонскиот пазар во областа на планирање, продажба, инсталација, одржување на опрема, машини и целосни решенија за индустријата за производство на мебел и преаботка на дрво.

Како генерален застапник за реномиранирани светски брендови, обезбедуваме врвна технологија, прецизност и квалитет на нашите клиенти.

Во моментот го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по мотивиран, амбициозен и технички квалификуван
**Менаџер за продажба за Македонија**
.

**Цел на Улогата:**

Како дел од нашиот продажен тим, вашата главна задача ќе биде водење на комплетниот B2B продажен циклус. Ќе соработувате директно со производители на мебел, столарски работилници, архитекти и фабрики од дрвната индустрија, помагајќи им да ги унапредат своите производи и производствени капацитети преку нашите решенија.

**Одговорности:**

- **Управување со продажниот циклус:**
- Водење, грижа и идентификација на нови можности кај постоечките клиенти, водење преговори од првична презентација до финализирање на договорот.
- Идентификација на нови потенцијални клиенти. Воспоставување контакт и водење на преговори од првична презентација до финализирање на договорот.
- **Консултативна продажба:**
Анализа на потребите на клиентите и подготовка на соодветни технички понуди.
- **Одржување односи со клучни клиенти:**
Редовни теренски посети на постоечки партнери, следење на нивниот раст и идентификување можности за унапредување на нивниот производствен процес.
- **Едукација и презентации:**
Организација и учество во технички работилници и презентации на производи во нашиот изложбен.
- **Анализа на пазарот:**
Следење на трендовите во индустријата, потребите на клиентите, рана идентификација на нови можности.

**Потребни Квалификации (Requirements):**

·       
**Претходно искуство:**

o  Најмалку две години искуство во B2B продажба и раководење деловни клиенти

**или**

o  Пет години искуство во индустријата за производство на мебел.

·       
**Комуникациски вештини:**
Идеалниот кандидат треба да поседува добри презентациски, преговарачки и продажни вештини.

·       
**Јазици:**
Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавање на трет јазик ќе се смета за предност.

·       
**Возачка дозвола:**
Б-категорија (активен возач, подготвеност за теренска работа низ Македонија).

·       
**Компјутерски вештини:**
Напредно користење на MS Office (Word, Excel), искуство со CRM системи и дигитални алатки за продажба.

**Што овозможува позицијата:**

- Мотивирачки процентуален бонус систем поврзан со постигнатите продажни резултати, без минимални таргети и без крајна граница за остварени бонуси.
- Годишни бонуси поврзани со личниот успех и успехот на компанијата
- Флексибилно работно време.
- Службено возило достапно и за приватни цели.
- Буџет за угостителство према клиенти.
- Континуирани обуки и професионален развој, вклучително и сертифицирани обуки директно од нашите странски партнери.