Duke ngarkuar...

CNC Operator

Titan Crest Group

/job-details/10158

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Избери да работиш во една од најголемите светски корпорации!

Развивај ги своите знаења во компанија која ги нуди најдобрите бенефиции по корпоративни стандарди.

-
**Приватно здравствено осигурување**

-
**Два пати годишно раст на платата**
– еднаш годишно за сите вработени и еднаш годишно според лични перформанси

- К15 во износ над државниот просек

- Оброк на работа, по твој избор од неделното мени

- Новогодишен бонус, за дамите ваучер за 8-ми Март, а за децата на вработените, новогодишни пакетчиња

- Попусти и плаќање на рати во продавници за бела техника, мебел, фитнес центри, технички преглед

- Тим билдинг активности

- Можност за постојан професионален развој со обуки во странство

- И најважното,
**компетитивна плата + сите заокнски додатоци**

**Кои се твоите обврски:**

Извршување на машинска обработка на делови и склопови.

**Главни одговорности:**

- Подесување на CNC машина

- Извршување машинска обработка на делови на CNC машина

- Читање и применување техничка документација

- Изработување пробно парче, доставување на контрола и по потреба спроведување корекции

- Вршење проверка, визуелна и со мерење на изработените парчиња и одговорност за квалитетот и количината на изработката

- Надгледување работата на машините, откривање и пријавување неисправности во функционирањето на машината

- Редовно одржување на машините и опремата (чистење и подмачкување)

**Квалификации:**

**-**
Искуство со работа на CNC машини или работа во производство

**-**
Познавање на техничка документација и технички цртеж

**-**
Подготвеност за работа во смени

- Предност ќе се смета образование од технички струки (машински инженер, машински техничар и слично), но не е задолжително

Испрати го твоето CV на:
**rabota@tcg.mk**

Информации за позицијата:
**079 374 308**