Sales Business Development
Pazarluk.mk
/job-details/10155
Здраво дечки,
за Pazarluk.mk бараме човек за sales / business development, за почеток part-time, но идејата е соработката да биде на долг рок.
Ние сме повеќе по data, бројки и развој на продуктот, а ни треба некој што е добар во sales и комуникација со клиенти и ќе ни помогне да го развиеме тој дел од бизнисот.
Pazarluk во моментов има околу 10.000 сесии дневно, голема база на податоци за цени, производи, промоции и маркети, а имаме развиено и Business Intelligence софтвер преку кој компаниите можат да ги анализираат тие податоци.
Бараме некој што ќе ни помогне ова да го доближиме до брендови, производители, дистрибутери, маркети и други компании на кои вакви податоци им се корисни.
Супер би било ако човекот има искуство или контакти во FMCG, retail, sales, marketing или e-commerce, но најбитно ни е да знае како да отвори и развие B2B соработка.
Условите и платата би биле во рамки на платите за ваква позиција во секторот, плус бонуси врз основа на остварената продажба. Имајте предвид дека сме startup и сè уште го градиме овој дел од бизнисот, па бараме некој што ќе гледа потенцијал во приказната и ќе сака да расте заедно со нас. Од наша страна, идејата е ова да биде долгорочна соработка, а не привремен ангажман.
Ако сте заинтересирани, испратете ни CV на info@pazarluk.mk, а заедно со него напишете ни накратко, во 2–3 реченици:
Што според вас најмногу му недостасува на Pazarluk.mk во моментов и каде гледате најголем потенцијал за раст на бизнисот преку продажба?
- Не бараме долг одговор — нè интересира како размислувате