Duke ngarkuar...

Стручен за управување со проблематични изложености

ProCredit Bank Macedonia

/job-details/10066

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**ПроКредит**
е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.

Биди следното дополнение на нашиот тим во
**Секторот за кредитен ризик**
како
**Стручен за управување со проблематични изложености**
.

**Клучни одговорности:**

- Активно следење и управување со портфолио на клиенти со доцнење во исполнување на кредитните обврски.
- Комуникација и преговарање со клиенти со цел утврдување на причините за доцнење и изнаоѓање одржливи решенија за наплата.
- Предлагање и имплементација на соодветни мерки за редовно сервисирање на кредитните обврски.
- Подготовка на предлози и документација за отпочнување постапки за присилна наплата, реструктурирање или отпис на побарувања.
- Соработка со филијалите и другите релевантни организациски единици за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио.
- Учество во комитети и состаноци поврзани со управување со проблематични изложености и кредитен ризик.
- Посета на клиенти заедно со Советници за бизнис клиенти и проценка на можностите за наплата.
- Подготовка на редовни анализи, извештаи и препораки за клиенти и портфолија под интензивен менаџмент.
- Предлагање и имплементација на подобрувања во процедурите и процесите за управување со проблематични изложености.

**Потребни квалификации:**

- Завршено високо образование од областа на економија, финансии, бизнис администрација или сродни области.
- Претходно работно искуство во банкарство, кредитен ризик, наплата на побарувања или управување со кредитно портфолио ќе се смета за предност.
- Познавање на финансиски извештаи и основни принципи на кредитна анализа.
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
- Способност за самостојно организирање на работата и носење навремени одлуки.
- Аналитички пристап, внимание на детали и ориентираност кон резултати.
- Одлично познавање на MS Office пакетот.
- Познавање на англиски јазик.

**Што нудиме:**

- Меѓународна компанија со пријатна и отворена работна атмосфера.
- Тимска соработка и култура која охрабрува проактивност и иновативни идеи.
- Континуиран личен и професионален развој.
- Рамна хиерархија и брзи процеси на одлучување.
- Флексибилно работно време (08:00 – 09:00).

Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на
**mkd.job@procredit-group.com**
.